Актуелно

Димитровска поднесе оставка, Собранието има рок од 10 дена да избере нов претседател на ДКСК 

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, до Собранието поднела оставка откако против неа беше поднесено обвинение во врска со случајот „Адитив“. Во вакви случаи, пратениците ќе треба да го констатираат престанокот на функцијата и најдоцна во рок од десет дена Собранието треба да започне постапка за избор на нов претседател, односно член на Државната комисија. Што се однесува до ДКСК пак, од каде информираа дека комисијата може да работи и без Димитровска, за постоењето на случаите за престанок на функцијата како резултат на оставка, претседателот на Државната комисија, а во негово отсуство заменик-претседателот , е должен да го извести Собранието во рок од пет дена од дознавањето за постоењето на условите.

Собранието ја потврди информацијата на медиумите.

„Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска до претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани“, се наведува во соопштението на Собранието.

Според изворите на МКД.мк, во оставката, Димитровска се повикала на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Друго образложение немало. Овој член предвидува неколку услови според кои може да прастане функцијата претседател или член на ДКСК.

„На претседателот, односно членот на ДКСК му престанува функцијата пред истекот на мандатот, ако поднесе оставка, ако трајно ја изгуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието на Република Македонија, ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или ако настапи негова смрт“, се наведува во член 14 став 1 од законот.

Во вакви случаи, ако претседателот на ДКСК или нејзин член поднесе оставка како што тоа го направи Димитровска, тогаш пратениците ќе треба да го констатираат престанокот на функцијата.

„Собранието го разрешува претседателот и членот на Државната комисија по предлог на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата ако се утврди дека не ги исполнува условите од членот 11 на законот или неоправдано отсуствува од работата на Комисијата подолго од шест месеци“, предвидува законот.

Што се однесува до ДКСК пак, од каде информираа дека комисијата може да работи и без Димитровска, за постоењето на случаите за престанок на функцијата како резултат на оставка, претседателот на Државната комисија, а во негово отсуство заменик-претседателот , е должен да го извести Собранието во рок од пет дена од дознавањето за постоењето на случаите, односно условите.

„Собранието може да постапува во случаите од ставовите 1 и 3 на овој член и без добивање на известувањето од ставот 4 на овој член. Во случај на престанок на функцијата или разрешување на претседателот на Државната комисија, до изборот на нов претседател, функцијата на претседател на ДКСК ја врши заменик-претседателот, со сите должности и овластувања кои ги имал претседателот. Во случај на разрешување, односно претстанок на функцијата на претседателот, односно членот на Државната комисија пред истекот на мандатот, Собранието најдоцна во рок од десет дена започнува постапка за избор на нов претседател, односно член на Државната комисија“, пишува во зконот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons