ДЗС: Под прагот на сиромаштија во 2020 година живееле 451.900 граѓани
Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451.900, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика.
Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти.
Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти
Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Податоците покажуваат оти домаќинства со двајца родители со три или повеќе издржувани деца имаа голема стапка на сиромаштија која достигнува 45,6 отсто, а исто така голем дел од самохраните родители со издржувани деца спаѓаат во категорија сиромашни и тоа 41,6 проценти.