МагазинНајново

Денес „ќе топи асфалт“ – Сончево и „пекол“ топло до 42 степени 

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 33 до 42 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 41 степен Целзиусов.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и температури до 41 степен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons