Денес сончево со умерен ветер, а од утре повторно ќе се „пржиме“ – најавен пораст на температурите
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува до 34 степени Целзиусови, додека УВ индексот ќе биде 9.
Се очекува дневните температури во следните до среда да пораснат и до 39 Целзиусови степени.