Денеска ќе биде пуштен хидросистемот Ѓавато, полнењето на Дојранското Eзеро треба да се стабилизира
Хидросистемот Ѓавато, со кој Дојранското Езеро се снабдува со вода, денеска ќе биде пуштен во употреба. Како што е најавено, на пуштањето на системот ќе присуствуваат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.