Актуелно

Денеска се одбележува 8-ми март, светскиот ден на борбата на жените за родова рамноправност

Во светот денеска се одбележува 8-ми март денот кој е посветен на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации, а за прв пат е одбележан во 1909 година во САД.

Цел е да се стави акцент на улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Симболиката на овој празник треба да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството, нешто што пред многу години го започнаа Клара Цеткин и Роза Луксембург кои го подигнаа гласот за изедначување на правата меѓу жените и мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons