Македонија

Дали онлајн наставата е решение за лажните дојави за бомби

Денешните 19 дојави за бомби се лажни, информираат од Министерството за внатрешни работи. За учениците да не пропуштаат часови, Министерството за образование и наука веќе им наложи на училиштата во деновите кога ќе добијат дојави за бомби да одржуваат настава оналјн еден час по последниот час.  Многу ученици и наставници не се согласуваат со оваа одлука. Според нив, дојавите предизвикуваат големи загуби во наставниот процес и психолошки проблеми.

„Ова има големо влијание затоа што заостануваме дури и со оценки, поради дојавите за бомби не можеме да ги научиме лекциите и затоа се чувствуваме многу лошо. Предметите како математика, физика не се толку лесни што можеме да ги научиме онлајн“, рече една ученичка.

„Подобро е да дојдеме и да учиме со физичко присуство. Има малку паника затоа што не знаеме дали е реално или само паничат да ни одземат од наставата. И нашето одделение и нашата генерација потфрлија многу поради губењето на часовите“, додаде друга ученичка.

Наставникот Селајдин Хамиди апелира до надлежните институции итно да стават крај на оваа проблематика. Како што рече Хамиди, уште пред да се надминат последиците од пандемијата, учениците веќе се соочуваат со нови психолошки последици.

„Државата има можност навреме да прекине некои работи. Интернетот стигна до таму што сите работи можат да се откријат за многу кратко време. Зошто ова не се случува во Европа или Америка или на друго место туку само на Балканот и другите земји. Се надеваме дека оваа работа ќе се реши и дека нема да има други политички позадини. Не секој ги има основните услови, интернет, телефон или лаптоп. Имаме две или три деца и не секое има  соба. Затоа, треба да направиме нешто да ја спроведеме  онлајн наставата но и со услови“, изјави Селајдин Хамиди, учител.

Премиерот Ковачевски изјави дека истрагата за бомбите открила интересни првични податоци. Премиерот денеска рече дека сомнежите се дека дојавите за бомбите доаѓаат од некој што не и сака добро на  Македонија./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons