Магазин

Губењето родител – болка која ни го менува нагло животот 

Сѐ започнува со тоа кога ќе добиеш повик дека твојот родител во болница е крајно лош. Се трудиш да не мислиш на најлошото, но твојот ум постојано те толчи и ти кажува дека крајот е блиску. Во тој момент ги кажуваш сите најтивки и најгласни молитви и си ветуваш дека ќе бидеш поинаков – дека ќе ги сакаш повеќе, дека ќе бидеш посмирен и пољубезен.

Додека успеваш да ги собереш мислите и да го сопреш плачот, обидувајќи се да се натераш себеси да мислиш на најдоброто, крајот сепак доаѓа.

Личноста која би го дала животот за тебе, но која ти беше целиот живот (а можеби не знаеше) веќе ја нема. Ја нема нивната насмевка, гласно зборување, прекорување за ненаместениот кревет или за кварот на автомобилот.

Доаѓаат луѓе кои кажуваат различни зборови кои не ги разбираш, посакуваш само да се стишат за да можеш да ги стишиш мислите во главата. А, потоа кога ќе надојде тишината, таа највеќе убива.

И, само знаеш – тоа искуство ти го менува животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons