Голем пожар попладнево на депонијата „Дрисла“
Попладнево изби голем пожар на депонијата „Дрисла“ во Скопје.
Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „За состојбата на терен дополнителни детали ќе соопшти командантот на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, Звонко“, изјави Ангелов.
Екипи на терен се ангажирани во гаснењето на огнената стихија, а повеќе информации за развојот на ситуацијата се очекуваат во текот на вечерта.