Актуелно

Голема акција на МВР за детска порнографија – се вршат претреси на повеќе локации

Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ -Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на целата земја. 

– Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка, велат од МВР. 

Неофицијално, за едно од лицата кај кого ќе се врши претрес Б.К. од Струга постојат информации дека е претседател на бугарско здржение во Македонија и водител е на подкаст со студио лоцирано во Скопје. 

Официјални информации се очекуваат за подоцна во денот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons