Вучиќ: Ништо нема да се случи на 1 ноември, на демонстрантите дополнително ќе им падне популарноста
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес оцени дека ништо значајно нема да се случи на собирот кој студентите што демонстрираат го најавија по повод годишнината од уривањето на стреата на Железничката станица во Нови Сад и кажа дека по тој настан дополнително ќе се намали популарноста на студентското движење.
За време на посетата на работите за реконструкција на Клиниката за гинекологија и акушерство во Белград, тој кажа дека студентскиот протест најавен за 1 ноември во Нови Сад „ќе биде насилен“, но дека нема да има значителен ефект врз граѓаните на Србија.
„Тој ден ќе се случи едно големо ништо, како и секој пат. Ќе има насилство, луѓето ќе разберат сè, вистинскиот резултат ќе биде дополнителен стрмоглав пад на нивната популарност. Луѓето не треба да се грижат“, порача Вучиќ.

На прашањето што мисли за делот од опозицијата што ја бојкотира работата на парламентот тој рече дека не ја следи собраниската седница бидејќи е посветен на други активности.
„Не следев ништо што се случуваше во српскиот Парламент, имав толку многу работа и се занимавав со други теми, немам поим што се случуваше. За мене беше важно законот за легализација и извршителите да бидат на дневен ред“, рече Вучиќ.