Во ФФМ почнаа состаноците за избор на нов селектор, решението ќе биде донесено наскоро
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ објави дека е одржан состанок на комисијата за избор на нов селектор и сподели детали.
По разделбата со Благоја Милевски, ФФМ е во потрага по нов селектор, неговото име ќе биде познато пред крајот на оваа година.
„Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок.
Споделивме размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна идеја и континиутет во најдобрата селекција.
Предлогот ќе биде доставен до У.О. на ФФМ најдоцна до 25 декември“, напиша Масар Омерагиќ на социјалните мрежи.
Во комисијата за избор на селектор се Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески.
Како најсериозни кандидати се споменуваат Гоце Седлоски и Игор Ангеловски.



