Актуелно

Во недела улична трка во Скопје, ќе има посебен режим на сообраќај

Во Скопје в недела, на 5 април 2026 година, ќе се одржи улична трка со почеток во 10 часот, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од булеварот „Илинден“.

Трката, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе стартува пред фонтаната „Лотус“ на булеварот „Илинден“, каде што е предвидена и целта. Учесниците ќе се движат право по булеварот до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде што ќе свртат полукружно и ќе се вратат назад до стартно-целната позиција.

Поради одржувањето на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons