Актуелно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Подметнат пожар во сервис за автомобили во Пинтија 

Рано утринава беше подметнат пожар во сервис за автомобили во Стаклара, населба Пинтија во општина Кисела Вода, при што биле опожарени поголем број на возила.

Како што можи да се види од самото видео, маж ја прескокнува оградата ги полива автомобилите и потоа ги потпалува и истиот бега од местото на настанот.

За ова неможе да се кажи дека е изолиран случај, бидејќи постојат сомнежи дека сите настанати пожари во Вардариште, Дрисла, и Трубарево организирано се подметнати а со цел да предизвикаат револт кај граѓаните на Скопје токму пред локалните избори во месец октомври.

Пожарот бил изгастат од страна на противпожарната бригада, а причинета е голема материјална штета.

Рано утрово околу 4 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Камник) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешката борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот утрово.

https://www.facebook.com/share/v/1AHVjVcw5q/?mibextid=wwXIfr

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons