Возило падна во провалија длабока 200 метри, има загинати кај Галичица

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица.

Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина.

Двете лица возеле на регионалниот пат Трпејца-Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.

Засега не е познат идентитетот на загинатите, освен тоа дека се работи за повозрасни лица.

Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид синоќа беа на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, велат од Центарот за управување со кризи. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons