МакедонијаНајново

Возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, возеле под дејство на алкохол, двајца предизвикале и сообраќајни несреќи 

Министерството за внатрешни работи информира дека се лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, кои возеле под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни несреќи. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полицијата вчера во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино го лишила од слобода Е.Л.(55) од Неготино затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици под дејство на алкохол. На лицето му биле измерени 2,15  промили алкохол во крвта.

Синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(24) од Кавадарци. При вршење увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

Полицијата ноќеска околу 00:45 часот на  улица „Цветан Димов“ во Скопје го лишила од слобода А.С. (49) од Скопје затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол. Му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:25 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, го лишиле од слобода Г.В.(48) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, констатирале дека Г.В. управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На улица „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, синоќа во 22:15 часот бил лишен од слобода О.В.(48) од струмичкото Баница затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол. На лицето му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons