МакедонијаНајновоПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: Левица е без компас исто како СДС, критикуваат нешто што и самите го користат

Левица повторно преку хипокризија покажува дека нема ништо освен евтини критики.

Левица ја критикува работата на Владата, Службата за општи и заеднички работи поточно набавките за храна. Но, што зборуваат фактите, а тоа се гледа и од приложените фотографии. Лицата од Левица ги користат работите што ги критикуваат.

Значи од Левица критикуваат набавки кои и самите ги користат и си остануваат во нивниот шаблон на гласност, а бескорисност.

Левица да каже кои се тие двојни стандарди, и да каже каде се пронаоѓаат тие? И сега кој е лицемерен?

Левица упорно одбива да биде конструктивна опозиција, и го следи примерот на СДС, без компас.

Време е Левица да сфати дека опозиција значи да се биде одговорен пред граѓаните. Наместо да придонесат за напредокот на државата, тие повторно се впуштаат во празни демагогии.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons