Викендов шестмина семејни насилници лишени од слобода – ги тепале партнерките, им ги кршеле мобилните телефони и се заканувале
Шест лица се уапсени по пријави за семејно насилство во последното деноноќие во одделно пријавени настани, информира Министерството за внатрешни работи.
Вчера околу 17 часот и 50 минути во скопската населба Карпош полицајци го лишија од слобода 41 годишниот Б.Ѓ. зашто претходниот ден во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ноќеска, 40 минути по полноќ полициски службеници во Скопје го лишија од слобода 45 годишниот Н.Д. од Скопје, поради тоа што претходниот ден во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 4 часот и 10 минути полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 40 годишнио Н.К. од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 9 часот Н.К. пријави дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. и се обидела со остар предмет да го нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12 април во 16 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13- годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода С.С. (26) од Кичево, постапувајќи по пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и Ќ.Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.
На 13 април полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта ѝ го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и ѝ нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 13 април во 1 часот и 15 минути во Богданци, полициски службеници глишија од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека претходниот ден околу 22 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26 -годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



