[ВИДЕО] Скандал на Канал 5 ТВ: Директорот Иван Мирчевски со вклучување во живо во емисија го избрка гостинот Исмет Рамадани 

Директорот на Канал 5 ТВ, Иван Мирчевски се вклучи во живо во „Само вистина“ за да му каже на гостинот, поранешниот пратеник Исмет Рамадани, да ја напушти емисијата.

На Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот. Истовремено, во јавувањето во живо Мирчевски изрази лични ставови во однос на етничките односи во Македонија.

По инцидентот се огласи и Македонската асоцијација на новинари (МАН), која се изјасни дека целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и новинарот водител Александар Видиновски како и колегата гостин во емисијата Горан Момироски, по вечерашната дебата каде политичарот и советник во владата Рамадани неосновано ги обвини за предизвикување национална нетрпеливост.

„Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ.

МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.

Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.

Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 ТВ ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот“, се вели во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons