Спорт

Веќе нема дилеми, Македонија сигурно ќе игра во бараж за Светско првенство 

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство 2026 без разлика на исходот во квалификациите, местото ни е загарантирано од Лигата на нации.

Откако го освоивме првото место во нашата група во Лигата на нации, стана јасно дека сме многу блиску до мундијалски бараж.

Сега по одигрувањето на првите кола од квалификациите стана јасно дека таквата позиција ни е сигурна.

До крајот на квалификациите има уште два репрезентативни прозорци, па потоа точно ќе се знае ситуацијата. Најважно е дека имаме загарантиран бараж, а ако се случи чудо и го освоиме првото место во групата ќе одиме директно на Светско.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons