Спорт

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, Македонија со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 на гостувањето во Вадуз.

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 на гостувањето во Вадуз.

Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа.

По овој резултат, на македонската репрезентација во Кардиф во вторник доволно ќе и биде и реми за да го освои второто место во Ј-групата и да оди во бараж за СП 2026 преку квалификациите.

Во случај на чудо, односно Белгија да загуби од Лихтенштајн дома, тогаш нашата репрезентација со победа над Велс ќе избори директен пласман на Мундијалот 2026 што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons