Вардар одби понуда за Мато од лидерот во Шкотска
Вардар потврди дека до нив стигнала понуда од Хартс за купување на Мато во висина од 350.000 евра, но таа експресно била одбиена.
Мато е најдобриот фудбалер во Првата македонска фудбалска лига, па во Вардар се свесни дека ако треба да се разделат со офанзивниот фудбалер, тоа треба да биде за поголема сума од онаа која ја добиле како понуда од шкотскиот Хартс.
„ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Касим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350.000 евра, која беше одбиена без размислување“, соопштија од редовите на Вардар.
Мато во првиот дел од сезоната блесна со 12 постигнати погодоци, иако се соочи и со повреда. Истата веќе е минато, а од Вардар очекуваат да го имаат на располагање со почетокот на вториот дел од сезоната.



