Важна вест за сите кои скенираат сметки: Еве кога ќе ви легнат пари на сметките
Исплатата на повратот на ДДВ за сите граѓани кои скенирале фискални сметки во вториот квартал од 2025 година (април, мај и јуни) ќе се изврши најдоцна до 31 август 2025 година, согласно законскиот рок од шеесет дена по завршувањето на кварталот.
Доколку ги исполнувате условите и податоците за вашата трансакциска сметка се точни и ажурирани, средствата ќе ви бидат префрлени автоматски по завршување на обработката од страна на Управата за јавни приходи (УЈП).