Спорт

Победа доби висока казна за инцидентите на мечот со Шкендија Арачиново

Дисциплинската комисија на ФФМ денеска ја соопшти казната на Победа за инцидентите кои се случија за време и по мечот со Шкендија Арачиново.

Домашните навивачи беа агресивни кон гостите, еден од нив го скрши и стаклото од соблекувалната на Шкендија. Полицијата спречи посериозен инцидент. Дополнително за време на мечот имало и националистички скандирања.

„Победа се казнува со четири натпревари без публика на домашен терен и со парична глоба од 3.000 евра, поради навредливо скандирање на национална основа, истакнати транспаренти со навредлива содржина, оштетување на објектот на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на фудбалерите на гостите“,стои во одлуката на Дисциплинската комисија.

Од Министерството за внатрешни работи дополнително информираа дека лицето кое го предизвика инцидентот е идентификувано и приведено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons