Аргентинка од академијата на Надал е хит на Вимблдон и испишува историја!
Аргентинката Солана Сиера направи сензација на Вимблдон и испиша историја, станувајќи првата тенисерка во Опен ерата која како „среќен губитник“ од квалификациите успеала да стигне до втората недела на најпрестижниот грен-слем турнир на трева.
Сиера, 21-годишна надеж од Јужна Америка и продукт на аакадемијат на Рафаел Надал, беше дел од квалификациите, но загуби во финалниот меч од Австралијката Талија Гибсон. Се чинеше дека со тоа нејзината приказна за Вимблдон ќе заврши дури и пред да започне, но судбината имаше други планови.
Само 15 минути пред почетокот на мечот против Оливиа Гадецки Белгијката Гирт Миинен поради повреда го предаде мечот, па така Сиера доби повик за влез во главниот турнир на нејзино место.
Аргентинката нанижа три победи, прво против Гадецки (6-2, 7-6), потоа ја совлада и Британката Бултер со пресврт (6-7, 6-2, 6-1), а последма ја елиминираше и Шпанката Кристина Букс (7-5, 1-6, 6-1), со што обезбеди пласман во осминафиналето.
Сиера стана првата „среќна губитничка“ од 1968 година наваму што стигнала толку далеку на Вимблдон. Доколку успее да ја совлада Германката Лаура Зигемунд, ќе стане и првата во историјата која како на таков начин стигнала до четвртфинале, сценарио кое е достојно за холивудски филм.