Свет

Американската војска на своите војници во Германија им порача да се хранат во јавни кујни

Американската војска им препорача на своите припадници стационирани во Германија дека поради тоа што не добиваат плати поради блокадата на буџетот, треба да побараат помош од германските народни кујни и институции кои дистрибуираат храна на сиромашните, објавија денес германските медиуми.

Управата на американската армија стационирана на четири локации во Баварија им даде упатства на својата интернет-страница на војниците за тоа како да се справат со недобивањето плати, чија исплата е блокирана поради спорот во Конгресот околу буџетот.

Меѓу другото, се споменуваат и германските добротворни организации како што е Тафел, кои дистрибуираат храна на сиромашните граѓани во сите поголеми градови.

Во Баварија моментално се стационирани околу 37.000 американски војници. Исто така, се посочуваат апликации кои можат да се користат за да се пронајдат информации за тоа каде да се купи храна чиј рок е пред истекување.

Според германските медиуми, американскиот гарнизон Баварија во меѓувреме ги повлекол овие упатства од својата интернет-страница. Во изјава за дневниот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг американската војска тврди дека упатството било наменето за цивилните вработени, кои ги има околу 11.000 во Баварија.

Сепак, истиот весник тврди дека Германија интервенирала со заем од околу 43 милиони евра за плати на германските граѓани вработени во американската армија. САД влегуваат во 38-от ден од таканареченото затворање, поради кое беше блокирана исплатата на плати на државните службеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons