Актуелно

Ја чека ли ЕУ најдолгата зима? 

Секој аналитичар што знае да ги чита економските токови и ја познава, макар и површно енергетската зависност на клучните индустрии на ЕУ, знае дека токму Европската унија, а не Украина е круцијалната жртва на руската воена агресија. Просто е и многу болно, а сега веќе и кристално јасно. ЕУ не може во овие неколку месеци да ги премости кусокот ниту да најде супститут за рускиот природен гас. Ако вака продолжи ЕУ е исправена пред гаден избор: поголем дел од Европа зимава да смрзне или нејзините најголеми индустрии : хемиската и фармацевтската да колабираат. Да, поради зависноста од рускиот гас. Огромна е иронијата да се помисли, а не па да се замисли дека лидерите на ЕУ за два месеци ќе го молат Путин за да им даде руски гас. Дали не очекува култната митска хит серија „Игра на тронови“ во претстојната зима? И на Македонија црно и се пише зашто над 50 % од нашиот извов оди во Германија која е најзависна од рускиот гас

На Европската унија годинава и недостигаат околу 80 милијарди кубни метри руски гас. Тоа е повеќе од 50 отсто од гасот што вообичаено годишно ЕУ го троши и го купува од Русија. За оваа количина ЕУ нема алтернатива. Може да замени само нешто повеќе од 60 милијарди кубни метри природен гас. Ова се податоци на Меѓународната Енергетска Заедница (ИЕА), реномирана и независна меѓуродна енергетска институција.

Стручњаците се едногласни, Европа никогаш не била исправена пред ваков страшен предизвик во мирнодопски услови. Ова во многу потсеќа на стравичната митолошка хит-серија „Игра на троновите“ .

Еве ги бројките, застрашуваат!

ЕУ сите своите потреби за природен гас вообичаено годишно ги набавува од три доминанти извори. Најголем снабдувач е Русија која покрива 40 отсто од потребите. Норвешка покрива 20 отсто од европските потреби, а Алжир 10 отсто. Околу 20 отсто од потребите се покриваат со увезен втечнет гас во поголема мерка од САД, а уште 10 отсто од потребите се покриваат од други извори меѓу кои и домашните производители. Сега за рускиот гас нема целосна алтернатива.

Во земјите на ЕУ 40 отсто од купениот гас се троши на загревање на домови, 35 отсто се користи за индустрија, 15 отсто за производство на струја и уште 10 отсто за други потреби.

Најголем потрошувач на природен гас од Русија во ЕУ е Германија. Воедно Германија е убедливо најголемата и најсилна европска економија и е четврта економска сила на светот.

И што е многу важно, најсилната германска индустрија не е автомобилската, тоа е мит. Најсилната индустрија во Германија е БАСФ односно најголемиот европски хемиски концерн. А хемиската индустрија и фарамцијата (две од трите најсилни европски индустрии се целосно зависни од природниот гас). Зависна е и автомобилската индустрија, иако не директно, туку индиректно преку цената на челикот кој е најзначајна влезна компонента. А производството на челик е во најголема мерка зависно од енергијата како инпут.

Горенаведеното значи дека европската економија особено нејзините најважни гранки се многу зависни од цената на енергенсите. Зарем Путин тоа не го знае? А знае и дека Европа не може да направи „свич офф“ на Русија за неколку месеци…

Вообичаено е во овој период од годината ширум ЕУ да се полнат подземните складишта за природен гас. Годинава се случува спротивен процес, се празнат складиштата за гас заради намалените испораки од Русија предизвикани од зголемените цени на природниот гас.

Нивото на увоз на втечнет природен гас што сега го добива ЕУ е максимално и тука не може да се очекува рапиден пораст за толку краток период како што се овие неколку месеци до почетокот на грејната сезона. Едноставно, Норвешка која има најмногу плин и е најблизу до земјите членки на ЕУ не може да произведе повеќе од тоа што досега се произведува. Стручните анализи покажуваат дека се потребни најмалку четири години од истражни работи па до експлоатација на природен гас од норвешкото морско дно. Исто така набавка на плин од катарските богати наоѓалишта е „мишн импосибл“ од две причини: недоволна е флотата бродови што превезуваат ЛНГ (втечнет гас) за да одговори на огромната побарувачка и тоа што земјите кои произведуваат не можат за три месеци да го удвостручат производството.

Какво ќе биде влијанието врз Македонија?

Со оглед на тоа на колкаво искушение се наоѓа германската економија и рецесијата во која влегуваат овде, за да го доловиме моментот, само ќе го дадеме конктекстот. Македонија во Германија извезува повеќе од 50 отсто од целиот свој годишен извоз на добра и услуги. И Македонија има бројна економска емиграција во Германија. Рецесијата на Германија за нас би била многу болна. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons