МакедонијаНајново

Цената паѓа, но бизнисот се подготвува за нови поскапувања на струјата по Нова Година 

Растот на цената на струјата ја покачи и производната цена на текстилните производи. 

Текстилната индустрија во моментот има нарачки од странските партнери, но и на запад ситуацијата е неповолна, фирмите се борат да опстанат на пазарот и ќе опстојат само моќните кои ќе можат да го следат трендот на покачување на цените. Во однос на истиот период лани има зголемување од околу 30 %.

Цените ги менуваме веќе и на месечно ниво, а не на годишно. Кога договараме цени, ставаме знак прашалник, зашто се договараме за моменталните цени, со напомена дека доколку се промени ситуацијата на пазарот со струја и други давачки, дека тие цени подлежат на промени, изјави Кирил Нашков, претставник на штипските конфекции во текстилниот кластер.

Цената на струјата на либералниот пазар е околу 250 евра, а на моменти се спушта и до 150 евра за мега ват час, што е доста поповолна во споредба со јули и август.

Нема никаква гаранција дека состојбата ќе остане вака, дури некои предвидувања се дека после Нова Година драстично ќе имаме пораст на цените на струјата, така што опасноста од пропаст на некои поголеми компании кои вработуваат многу луѓе, останува и понатаму, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Според Димитров, без големи компании ќе нема ниту мали, зашто тие се нивни кооперанти и доставувачи и затоа е потребно Владата да направи анализа на кои сектори им е неопходна помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons