Спорт

Хокеј: Успешно огнено крштевање на Скопје херд, а викендов следуваат мечеви со бугарски тимови

Новиот македонски хокејарски клуб убедливо победи на својот прв натпревар на кој за противник имаше словенечки тим, а следниот викенд во Скопје следуваат мечеви со бугарски клубови

Новоформираниот македонски хокејарски клуб Скопје херд го имаше своето огнено крштевање минатиот викенд кога на својот прв одигран натпревар го совлада словенечкиот состав Долењске Топлице со убедливи 12-2.

Мечот се играше на лизгалиштето „Борис Трајковски“ во Скопје.

Следниот ден обата противника играа уште еден меч, на кој победи Долењске Топлице со 9-8.

Следува уште еден викенд со хокеј, повторно во организација на Скопје херд. В петок во 21 часот треба да играат Скопје херд и гостите од Бугарија, Динамо – Софија.

В сабота турнирот треба да продолжи во 9 часот наутро. Покрај Динамо – Софија, можно е и учество на Ред стар – Софија, тим кој сепак, засега не го потврдил доаѓањето во Скопје. Планиран е и еден меч в недела во 9 часот.

Сопственикот на клубот, Канаѓанецот Коди Јанзен и тренерот од САД Ник Дилиси се задоволни од тоа како функционира Скопје херд и велат досегашните активности ги надминале нивните очекувања.

Мнозинството членови на Скопје херд се македонски хокејари, но има и значителни странски засилувања, односно четворица Канаѓани и еден Словак. За активностите на клубот информации ни даде хокејарот на овој колектив Ивица Тасков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons