ХАОС ВО ЗАДРУГА: Нападнат Адам Лабунски, плачеше пред камерите- па дојде до тепачка меѓу Кристијан Голубовиќ и напаѓачот (ВИДЕО)
Адам Лабунски додека беше во дворот со Кристијан Голубовиќ и други задругари беше нападнат од страна на Урош Чертиќ кој го повлекол за косата, при што му скинал цел прамен.
– Недостасува дел од праменот, па ти си правел надоградба – рече Чертиќ и си замина, за набргу да се врати и повторно да налета на пејачот.
– Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме македонско девојче – повторуваше цело време Урош.
Чертиќ не престана со провокации, поради што обезбедувањето мораше итно да реагира.
– Ве молам, спасете ме, тој ми ја извади половина од косата – рече пејачот додека гледаше во камерата и плачеше.
Повеќе детали можете да видите во видеата подолу.
Кратко по овој инцидент, хаосот продолжи.
Имено, Урош влезе во протосоријата каде се наоѓаа Адам, Кристијан Голубович и уште неколку задругари по што Кристијан застана во одбрана на Адам и физички се пресмета со Чертиќ.
Во продолжение погледнете ја пресметката помеѓу Кристијан и Урош: