Францускиот амбасадор го искоментира извештајот на ЕК и кажа што треба да направи Македонија
Според францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, извештајот на Европската Комисија за Македонија е вистинско охрабрување за продолжување на спроведување на реформите во одредени сектори. Тој рече дека извештајот сам по себе е интересен, затоа што е многу детален и комплетен.
Вели дека извештајот е многу урамнотежен, со многу позитивни елементи и со помалку позитивни елементи.
„Но, исто така претставува охрабрување, за да се продолжи на патот на реформите и со посебен акцент што е ставен на зајакнување на владеењето на правото, независно судство и борба против корупцијата – теми коишто се важни во сите наши општества. Извештај кој од таа гледна точка е многу корисен и навистина ги одразува приоритетите во нашата соработка, затоа што Франција тесно соработува во тие сектори – зајакнување на администрацијата, независност во судството. Да резимирам, ќе кажам дека е вистинско охрабрување за продолжување на спроведувањето на реформите во одредени сектори. Токму тоа го правиме“, вели Ле Риголер.
Амбасадорот на Република Франција Ле Риголер и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска во Штип беа дел од настанот од програмата на Балкан њуз трак (Balkan News Truck).
фото Фејсбук/Француска амбасада



