Свет

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Покраинските полициски часови воведени ширум Франција по немирите и грабежите во Париз и на други места ја смирија ситуацијата, изјави денеска францускиот премиер Себастијан Лекорни, додавајќи дека оваа мерка ќе биде продолжена.

Полициските часови помогнаа ноќта да помине мирно, рече Лекорни, пренесе ДПА.

-Вечерва ќе бидат воведени нови полициски часови таму каде што ситуацијата го бара тоа – додаде тој, напомнувајќи дека одлуките ќе се носат на локално ниво од префектите во консултација со градоначалниците.

Полицијата и жандармеријата не пријавија никакви посебни инциденти во погодените области, јави БФМТВ, цитирајќи ги властите.

Неколку градови, вклучувајќи го и главниот град, синоќа воведоа ограничувања.Во Париз, секое присуство во централните области околу Плоштадот Република и областа Ле Ал беше строго забрането меѓу 23:00 и 06:00 часот. Забраните за собири и демонстрации важеа од 20:00 часот во одредени делови од градот.

Полициската префектура соопшти дека мерките се неопходни за да се врати јавниот мир.

Забрани за демонстрации и полициски час беа воведени и во Лион, при што на луѓето им беше дозволено да излегуваат на улиците само доколку наведат специфични причини.

За малолетниците има полициски час во Ница и во северните француски градови Лил, Дуе, Ватињи и Денен.

Националните протести против високите трошоци за живот за време на викендот беа проследени со сериозни немири и грабежи. В сабота се очекуваат нови протести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons