МакедонијаНајново

Фон дер Лајен: Со нетрпение Ве очекувам во ЕУ, веќе постигнавте многу 

Тука сум денеска да ви кажам вам и на граѓаните на Северна Македонија дека сте на добар пат да се приклучте на ЕУ. Со нетпрение очекувам да ве пречекаме таму. Морам да кажам дека е навистина неројатно да се види напредокот, кој што Северна Македонија го постигна  како и решителноста да се движи напред во вистинската насока. Тоа е импресивно. Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив. Ова го истакна претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата. 

-Северна Македонија веќе постигна многу, изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите. Скрининг процесот се одбвива беспрекорно и ние се стремиме да ги отвориме преговорите за кластерот Фундаменти оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа. Свесна сум секако за промената на Уставот. Првите  чекори веќе се преземени во Собранието и тоа се добри вести, а сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред затоа што сега е вистинскиот момент, цела ЕУ и сите земји кои сакаат да се приклучат кон процесот на проширување. Затоа важно е да се искористи овој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација на успешно  мултиетничко општество. Вие веќе го  отелотворувате мотото на ЕУ – обединети во разнопликоста и тоа е зошто Скопје го доби престижниот наслов на Еропски град на културата за 2028, рече Фон дер Лајен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons