ФИФА го казни Партизан со забрана за трансфери во три преодни рока
Поради долг кон друг клуб, ФИФА одлучи да го казни Партизан со забрана за купување на фудбалери во наредните три преодни рока.
Ваквата казна е поради тоа што Партизан има неисплатени обврски кон швајцарскиот клуб Лугано за трансферот на Филип Холендер.
Откако не ги добил парите од Партизан, Лугано се пожалил на ФИФА, а тие не чекале многу за да го казнат Партизан.
Добра вест за црно-белите е што казната автоматски ќе се укине кога ќе го платат долгот кон Лугано.