Македонија

Уште една скопска општина со финансиска помош од минимум 300.000 денари за Делчево

Градоначалник на Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски: Како претседател на ЗЕЛС, ги повикувам сите колеги градоначалници да се солидаризираме за Делчево!

🙁 Вознемирувачки и апокалиптични сцени пристигнуваат од Делчево од невремето со пороен дожд кое за жал, ги поплави речиси сите куќи во понискиот дел на градот и предизвика огромна штета.
☝️ Возилата пливаат во вода, пропаднати се улици и оштетена е подземната инфраструктура, а водата не е за пиење.

❗️Со еден збор, Делчево со соочува со можеби еден од најголемите проблеми од своето постоење и затоа потребни сме сега да се солидаризираме како тоа што сме го правеле секогаш во минатото!

☝️ Без разлика на политичката определба, верска или било каква – наша обврска е да помогнеме.

🗣️ Како претседател на ЗЕЛС, ги повикувам сите мои колеги градоначалници во Република Македонија уште еднаш да ја покажеме својата големина и да помогнеме во санирање на штетите од поплавените подрачја на нашиот источен бисер – градот Делчево.

❗️А како градоначалник на општина Кисела Вода, веќе на следната седница ќе поднесам иницијатива од советниците за обезбедување на финансиска помош од минимум 300.000 денари.

☝️ Сега е момент кога секој од нас, согласно своите финансиски можности, треба да ја покажеме својата солидарност и благородност, бидејќи нема поголем и повисок чин од хуманоста.

❤️ Сме се сплотиле секаде каде што било потребно, сега сме потребни дома.

Ние не можеме против природните катастрофи, но можеме да помогнеме за Делчево и делчевчани!

🤝 Во ова сме заедно!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons