УТРЕ ПРОТЕСТ НА СИНДИКАТИТЕ: Од 11 април нема настава и градинки?
Утре 30 март ќе се одржи предупредувачки протест кој го организира Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) а кој го поддржа и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК. Ако не им се исполнат барањата од 11 април ќе има генерален штрајк а во деновите кога ќе се штрајкува, вработените во училиштата и во градинките ќе бидат на своите работни места, но нема да згрижуваат деца и нема да има воспитно-образовен процес. Јаким Неделков претседателот на овој синдикат изјави дека во случај на штрајк вработените ќе бидат на работните места, односно ќе бидат во заедничка просторија во која ќе седат до крајот на работното време.
Инаку овие синдикати бараат усогласување на платите врз основа на зголемување на минималната плата на национално ниво, како и почитување на Законот за минимална плата и колективните договори. КСС е поддржан и од повеќе други синдикати, односно од околу 30.000 работници.
Според објавеното СОНК е убеден дека нивниот организиран протест ќе биде успешен и дека нивните оправдани барања ќе бидат сериозно сфатени.
„Сепак, сметаме дека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија за гранските синдикати при КСС и Ве уверуваме дека СОНК и во иднина ќе им ја дава целосната поддршка за сите чекори што би ги преземале. Ви посакуваме успех во Вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во 15:30 часот пред Собранието на Република Македонија, соопштија од КСС, објавувајќи го писмото на СОНК.
Инаку преговорите за поголеми плати во образованието пропднаа минатата недела.
СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.Вицепремиерот Фатмири Битиќи вели дека е зачудувачки што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договориле за растот на минималната плата.
„Ние се договориме дека дијалоготч ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.