Украинците тврдат дека ја вратиле контролата врз 11 градови
Украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села.
Украински владини претставници денеска соопштија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон. Руските сили не го зазедоа Бровари, иако имаше борби во соседните села. Украинските сили го ослободија градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев. Херсон е единствениот голем украински град кој е под контрола на руските сили.
Русија тврди дека загинале 17.700 руски војници, и според нив уништени се 1.751 оклопно возило. Но, Русија ретко објавува бројка на загинати војници и тие бројки се драстично помали од оние кои ги објавува украинската страна. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. Сега се преговара за ставање крај на војната.