Македонија

Украина е бескрајно благодарна за хуманитарната поддршка испратена од Македонија, вели министерот Љушко 

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска остварил видео разговор со министерот за здравство на Украина Виктор Љашко. Украинскиот министер изразил благодарност до Владата и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина. Љашко истакнал дека од голема важност за граѓаните на Украина е придонесот во здравствената заштита како и хуманитарната помош, која од страна на Министерството за здравство на Македонија во повеќе наврати изминатиов период била донирана до Украина, информираат денеска од Министерството за здравство.

Хуманитарната помош од Македонија се состоеше во лекови и медицински средства, медикаменти и антибиотици.

Министерот Меџити истакнал дека Македонија секогаш знае да понуди помош и поддршка во заштита на цивилното население и да биде хумана и солидарна во најтешките моменти.

Соговорниците размениле мислења и за соработката меѓу земјите во рамки на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина Олена Зеленска, со цел да се воспостави ефективно партнерство меѓу здравствените институции на Украина и странските земји.

На видео состанокот биле разменети мислења и за соработка на здравствените институции меѓу двете министерства за здравство, кои би се состоеле во размена на искуства за актуелните предизвици во областа на здравствената заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons