Актуелно

Увозниците ја премислија Владата, нов раст на замрзнатите цени идната недела 

Ниту една недела нема да издржат замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Дел од производите ќе поскапат оти поскапел увозот, иако цените требаше да важат до крајот на месецот. Што и колку ќе поскапи ќе се знае во вторник. Тоа го побарале увозниците на вчерашната средба, кои покажале декларации со повисоки цени. Бектеши уверува дека овошјето и зеленчукот опфатени со одлуката нема да се продаваат за повеќе од 100 денари, а доколку увозот поевтини ќе има и дополнително намалување на цените.

Нема да има цени кои моментално или пред 10 дена беа во малопродажба и се движеа од 130, 140, 150 па и погоре. Процентуално, колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната“ – Крешник Бектеши, министер за економија

Поголем пад на цените, Бектеши очекува кон крајот на овој или почетокот на следниот месец, кога на тезгите ќе се најдат повеќе домашни производи.

Во меѓувреме, за да ги избегнат царинските давачки, повеќето од увозниците со месеци прикажувале лажни фактури за цената на овошјето и зеленчукот. Сега на ред е царина која ќе прави детални контроли.

Вчера имавме долги разговори и сакам да истакнам дека затајување на данок над 10 илајди евра е кривично дело и јас очекувам од царинската управа до крај да постапи согласно нивните надлежности“– Крешник Бектеши, министер за економија

Владата вчера ги обврза трговците да продаваат 70% од количествата овошје и заленчук како во јануари и февруари затоа што тие месеци најголем од потребите биле покриени со увоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons