Актуелно

Тројца преживеани пронајдени 13 дена по земјотресот во Турција

Турските спасувачи денеска извлекоа живи три лица, меѓу кои и едно дете, од урнатините, 13 дена по големиот земјотрес кој однесе десетици илјади животи, јавуваат локалните медиуми, пренесува АФП.

Новинар на турскиот телевизиски канал НТВ објави дека еден од пронајдените починал откако бил пренесен во болница. ТВ каналот емитуваше снимки од спасувачите како ги ставаат спасените луѓе на носилки откако поминале 296 часа под урнатините.

Вчера турските спасувачи извлекоа 45-годишен маж од урнатините, а живи беа пронајдени уште три други лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и Сирија на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 43.000 луѓе, а многумина сè уште се водат за исчезнати.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons