Актуелно

Трагедија утрово ја потресе Македонија: Таксист почина додека превезувал патници 

Таксист од Делчево утринава почина кај Кочани, превезувајќи патници на кои крајната дестинација им била штипската Клиничка болница, објави локалната Телевизија Стар.

Во еден момент, возачот се пожалил на силни болки во градите, но имал сила да го сопре возилото и да се паркира безбедно. Веднаш потоа, тој починал на лице место, во возилото.

– Потресени сме и не очекувавме нешто вакво да му се случи на возачот. Пријавивме во Брзата помош, која дојде веднаш, но подоцна дознавме дека починал, изјави за телевизијата една од патничките од таксито. 

Засега не се познати идентитетот и возраста на починатиот човек.

Извор Телевизија Стар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons