Спорт

Тенисерките без Ѓорческа загубија од Кипар за крај на Били Џин Кинг Купот

Женската репрезентација на Македонија со пораз од домаќинот Кипар го заврши годинашниов настап во Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Ларнака.

Кипар оствари триумф од 2:0 откако беа одиграни двата сингл меча, додека мечот во двојки не се играше. Македонија денеска настапи без Лина Ѓорческа која поради повреда во четвртокот го предаде мечот во дуелот со Египет.

Во првиот денешен меч Ана Митевска загуби од Нина Андронику со 2-0 во сетови (6-2, 6-0), додека во вториот меч Магдалена Стоилковска беше поразена од Дарија Фрајман со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

Македонија со двата пораза во групата за пласман од четвртото до шестото место годинашново издание го заврши како шестопласирана селекција. Тоа значи дека и следната година ќе игра во истиот ранг.

Пласман во Првата зона како две првопласирани селекции обезбедија Грузија и Норвешка, додека ранг пониско следната година ќе играа Естонија и Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons