Тензично во Молдавија – можна ли е дестабилизација по серијата експлозии?
Растат тензиите во Молдавија.
Сепаратистичкиот регион на Молдавија прогласи црвено ниво на закана. Отцепениот молдавски регион Придњестровје го подигна своето „ниво на терористичка закана“ на црвено. Властите во Придњестровје, сепаратистички регион поддржан од Москва во источна Молдавија, денеска соопштија за експлозии во радио-телевизиската кула и прекин на емитувањето на руското радио. Придњестровските власти вчера објавија дека неколку гранати од рачен противтенковски фрлач се испукани врз седиштето на министерството за јавна безбедност во Тираспољ, главниот град на самопрогласената република. Повредени нема.
Молдавската претседателка Маја Санду ги повика граѓаните да останат смирени по серијата експлозии во областа што граничи со Украина. Санду ги припиша експлозиите на „внатрешните разлики меѓу различните групи во Приднестровје кои имаат интерес да ја дестабилизираат ситуацијата“. Советот препорача државните агенции да ги засилат патролите во близина на Приднестровје и да вршат безбедносни проверки на критичната инфраструктура.
Членот на украинскиот преговарачки тим Михајло Подољак денеска ја обвини Русија дека се обидува да го дестабилизира самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија.
Придњестровје е во источна Молдавија и се отцепи од земјата во 1990 година по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија таму има околу 1.500 војници да служат како мировници.
фото Твитер