МакедонијаНајново

Тапка во место расправата за разрешувањето на министрите на Алтернатива

Куќата на првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во Скопје и пациентите со цистична фиброза беа во фокусот на дебатата меѓу пратениците денеска на расправата за разрешување на министрите на Алтернатива и за именување министри на Алијанса. Четири дена по ред се дебатира само за разрешувањето на министерот Беким Сали. Ова е резултат на блокадата што ја прават пратениците на македонската опозиција со говори и реплики. Денешната седница започна со присутни 30 пратеници во салата. Опозициските пратеници ја потсетија АА на нивните молби, според нив, за позиции после изборните процеси.

Илире Даути ја обвини ВМРО дека е изгубена меѓу две политички струи, онаа на Груевски и Апасиев.

„Дали е можно еднаш да се дефинира и да добие политичка форма. Прашувам пријателски. Како политички субјект останавте меѓу Груевски и Апасиев. Немате политичка форма. Ви недостига политичка форма. Во отсуство на ваша политичка форма, мислите дека Aлијанса за Албанците се премислила. Не, не“, рече Даути.

Ако седницата продолжи со ова темпо, тогаш расправата за реконструкција на Владата може да трае до крајот на месецов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons