МакедонијаНајново

Таксист наплатил 1.700 денари на австралиски брачен пар за возење од „Ист гејт“ до Железничка 

Скопски таксист „ограбил“ брачен пар од Австралија, откако во саботата наплатил 1.700 денари за возење од „Ист гејт“ до Железничка станица.

„Во саботата во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на возачот му платиле 200 денари за еден километар. Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото“, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons