МакедонијаНајново

Сѐ повеќе „бегаат“ младите од Македонија: Најмногу се застапени во Куманово, Тетово, Битола и Чаир, а во дури 23 општини ги има помалку од 1.000 

Македонија станува држава од која сѐ повеќе емигрираат граѓаните. Оваа констатација е аргументирана со аналзиата меѓу двата пописи во период од 2002 до 2021 година, чии податоци покажуваат дека бројот на младите луѓе во Македонија се намалил за дури шест проценти, имајќи предвид во 2002 година се регистрирани 480,828 млади на возраст од 15-29 години, додека за време на пописот во 2021, младата популација броеше само 326,733, што значи дека овој број се намалил за преку 150,000 жители.

Општини со најмал број на млади се Новаци, Лозово и Зрновци каде во 2021 година имало помалку од 400 млади, а особено загрижува фактот дека во 23 од 80 општини во државата има помалку од 1.000 млади.

Анализата на општинско ниво покажува дека некои општини како на пример Ново Село и Дебрца имале околу 13% млада популација од вкупната популација во општината, или далеку под националниот просек. Од друга страна, во Арачиново и Липково, скоро ¼ (една четвртина) од општинското население се млади на возраст 15-29 години, што е далеку над просекот, а таков е слуајот и во Битола, Тетово и Чаир.  Просторната анализа на општини со најголем пад на бројноста на младо население покажува дека општините кои се подалеку од подрачјето на Скопје, имаат поголем пад на младо население за разлика од оние кои живеат во околината на Скопје и/или поголемите градови. 

Статистиката е повеќе од загрижувачка, имајќи предвид дека бројот на младо население во Македонија е во континуирано опаѓање, а бројките покажуваат дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, одлучиле да заминат во странст во последните години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons