МакедонијаНајново

Судската администрација бара повисоки плати 

Судската администрација бара повиоски плати.

Со донесувањето на одлуката на Уставниот суд со која што се одмрзнаа платите на функционерите платите на судската администрација останаа на многу ниско ниво.

Од здружението на судска администрација реагираат на јазот помеѓу платите на судиите и на судската администрација бидејќи како што велат таа разлика сега се зголемила за повеќе од три пати. Платите на судската служба на 95 посто од судските службеници се пониски од просечната плата на државно ниво.

Од здружението бараат во составот на судскиот буџетски совет да бидат присутни и претставници на советот на судска служба.

Судските службеници со прелевање на додатоците на плата за октомври и за ноември лани добиле повисоки примања, но со новото покачување на платите на функционерите до 78 отсто, им запрела исплатата на додатоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons