Актуелно

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник

Во понеделник на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле двајца судии и една јавна обвинителка. Други двајца обвинители пак чии имиња се споменуваат во јавноста, велат се во фаза на размислување. Судијата, Ненад Савески, од скопскиот кривичен суд за Сител потврди дека ги доставил потребните документи според огласот за републички јавен обвинител, во трка е и поранешниот претседател на кривичен, Владимир Панчевски кој објави дека неговата кандидатура е веќе заведена во Собранието.

Кандидатура доставила и Лидија Раичевиќ, јавна обвинителка од скопското обвинителство. Подготвила четиригодишна стратегија за работа, а, вели и нема да подлегне на евентуални притисоци ако застане на чело на државното јавно обвинителство.

„Кога би влегла на тоа место, државен јавен обвинител, ќе мора да се скенира состојбата што се случува внатре и тоа од повеќе аспекти. Какви предмети се затечени, каква е нивната позадина, до каде се и зошто не се завршени доколку има такви кои подолго траат. Функцијата на Јавното обвинителство ќе мора да се промени,тоа значи дека Јавните обвинители ќе мора да бидат активни и проактивно да работат на терен“, изјави Лидија Раичевиќ, Јавен обвинител. 

Како можни кандидати за државен јавен обвинител циркулираат и имињата на обвинителите Златко Биковски и Јован Цветановски.. Тие во телефонски разговор за Сител рекоа дека се уште размислуваат дали да се пријават на огласот.

Интерес има и кај други обвинители од вишото и републичкото, кои конечната одлука ќе треба да ја донесат најдоцна до понеделник.

Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство.. Секој од канадидатите ќе биде оценет од Советот на јавни обвинители кој  списокот со имиња ќе го испрати до владата. Таа ќе треба да одбере еден од позитвно оценетите и да го предложи на Собранието како кандидат за нов државен јавен обвинител.. За негов избор потребни се најмалку 61 пратенички глас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons