Струмичани се гушат во чад и смрдеа, загаденоста на воздухот во градот алармантнa
Струмичани се гушат во чад и смрдеа, а прошетка во попладневните часови е невозможна и поради печење на очите. Ова ќе го почувствувате и ако го отворите прозорецот. А мерните инструменти за загаденост на воздухот пак, деновиве покажуваат алармантни бројки. Активистите од „Здрава котлина“ на официјалната фејсбук страница обвинија дека за тоа е виновна како што ја нарекоа струмичката канцерогена бизнис мафија.
На обвинувањата на активистите се приклучија и локалната власт и опозицијата. Градоначалникот Костадинов им ја сподели објавата со коментар дека општината е подготвена да ги чешла индуструските капацитети, но и домаќинствата за да се утврдат причините за загаденоста.
На тоа од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е крајно лицемерие, бидејќи СДСМ во Струмица е на власт 18 години и ако сакале овие прашања ќе биле решени.
Стенд-ап: И додека политичарите се расправаат, Струмица останува на врвот најзагадени градови во државата. Неславна титула што ја има последните неколку години.