Актуелно

Стравичен пожар ноќеска во Козле – Се запалила куќа, се слушале експлозии 

Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.

„Во 02:03 се јавив на 112 и веднаш ми се јавија и ми кажаа дека се запознаени и дека се во акција. Во 02:12 огнот беше изгасен, остана чад. Во 02:30 пак се слушаа експлозии и имаше чад”, сведочи водителката Снеже Велков.

Противпожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако огнот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.

„Пожарот беше голем и бараше ангажман на повеќе екипи. По два часа интервенција, успеавме целосно да го изгаснеме“, вели Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Скопје.

Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.Официјални информации за пожарот 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons